ММС

Истражување: Растењето во куќа со книги прави детето повеќе да ужива во животот

Децата што имаат свои книги побргу развиваат навика ја читање и стекнуваат љубов кон читањето за разлика од оние што не поседуваат книги.

Едно британско истражување во кое учествувале 56 000 испитаници покажало дека малите што имаат своја мини-библиотека читаат за 22 проценти над очекуваното ниво. Повеќе од 380 000 деца во Велика Британија сепак немаат книги. Тоа може да влијае на нивната способност за читање, но и да создаде отсуство на тенденција за забава и уживање во животот – предупредува Националниот фонд за описменување кој всушност ја спровел анализата.

 

Додека 56 проценти од децата кои имаат свои книги уживаат во читањето, таков однос кон пишаниот збор имаат само 18 проценти од оние што не поседуваат лична библиотека. Нешто помалку од 7 проценти од испитаниците одговориле дека немаат ниту една книга.

Големината на домашната библиотека влијае на писменоста и интелигенцијата, а читањето книга го стимулира детето интелектуално, ментално и емоционално – наведуваат научниците во своето објаснување.

 

Извор:   magazin.novosti.rs