ММС

Филипче: Комисијата за заразни болести направи соодветни протоколи за функционирање на градинките

„Очигледно е дека вирусот е тука ние мора да научиме да живееме со вирусот, меѓутоа почитувајќи ги мерките“, изјави министерот за здравство Венко Филипче во гостувањето на вестите на Канал 5 Телевизија, кој зборуваше за стратегијата на Комисијата за заразни болести е да не се сконцентрираат повеќе ризик фактори во ист временски период. Клучно е почитувањето на мерки и функционирање по протоколите.

И сега по повеќе месеци од почетокот на пандемијата дефинитивно е јасно дека единствен начин да се заштитиме себе си и луѓето околу нас се превентивните мерки. Секојдневно имаме нови сознанија за вирусот, нешто ново се открива од анализите, студиите меѓутоа принципите на превенцијата се истите, да се носи маска, да се држи дистанца и често да се дезинфицираат рацете, рече Филипче.

За вчерашните две млади девојки кои починаа како последица на ковид 19, Филипче вели дека тоа  се пациенти кои и претходно имале заболувања, коморбидитети и покрај сите обиди на лекарите, за жал не можело да им се помогне.

За настани кои се предвидени да се одржуваат во есенскиот и зимскиот период и во кои ќе има поголем број на луѓе во затворена просторија, капацитетот не смее да биде поголем од 30%, а на отворено повеќе од 50% и секогаш настаните да бидат со седење, изјави Филипче.

За функционирањето на градинките, министерот потенцираше дека планот и стратегијата на Комисијата за заразни болести е да не се сконцентрираат повеќе ризик фактори во еден временски период.

„Свесни сме дека на почетокот на сетември луѓето се враќаат од годишните одмори и се враќаат на своите работни места, што е еден ризик фактор затоа што е веќе одредена голема бројка на луѓе во затворена просторија. Се отвораат градинките. Се прекина породилното отсуство затоа што граднките се отворени, бебињата, малите деца има каде да се носат. Комисијата за заразни болести со претставници на Министертсвото за труд и социјална политика веќе интензивно работеше и направија соодветни протоколи за функционирање на градинките, колку деца д аима во групите, како да се запазуваат превентивните мерки“, изјави Филипче.