ММС

Срамот што ни е нанесен да биде казнет! Кој го објави списокот со одбојкарки малолетнички како позитивни на коронавирус

Од синока по социјалните мрежи се појави список на имиња и преизмиња на девојки – членови на одбојкарскиот клуб Виктори Волеј од Струмица дека се новозаболените од ковид-19. Од клубот демантираа и побараа одговорност од институциите да се открие и казни креаторот на листата и споделувачите на списокот со имињата на девојките.
Василев призна дека пред десетина дена во неговиот клуб бил откриен вирусот кај две девојчиња заради што добар дел од сениорскиот тим е во самоизолација. Тој заедно со родителите на девојчињата најавија кривична пријава против непознато лице бидејки според нив недозволиво е да се објавуваат имиња на малолетнички како позитивни .
,, Бидејки ни е нанесена голема штета веќе ги запознавме сите институции и верувам дека виновникот кривично ќе биде гонет. Нека си го превземат случајот тие, за нас најважно е дека девојчињата се добри а сите ние останатите за два три дена ќе завршиме со самоизолација. Срамот што ни е нанесен од некои неодговорни луѓе на социјалните мрежи веруваме дека ќе биде казнет,, ни изјави Василев
Во Струмица од почетокот на пандемијата регистрирани се 112 лица со квид 19 од кои над 50 тина се активни а 6 лица од овој регион според Институтот за јавно здравје починале од компликации со коронавирусот.

Ване Трајков