ММС

Русија потврди: Вакцината против Ковид 19 предизвикува нус појави кај доброволници

Еден од седумте волонтери кои ја примиле руската вакцина против корона вирус имале нус појави, соопштило руското Министерство за здравство.

Повеќе од 300 доброволци кои учествувале во три фазното испитување на вакцината, 14 отсто се пожалиле на здравствени проблеми откако ја примиле вакцината, „Спутник V“.

Помеѓу симпомите кои ги истакнале откако им била вбризгана руската вакцина против Ковид 19 се биле болки во мускулите, исцрпеност и висока температура.

„Ова се очекувате споредни ефекти и обично исчезнуваат за еден ден, максимално ден ипол“, изјавил министерот за здравство Микали Мурашко.

„Спутник V“, е прва светска вакцина против корона вирусот и претставена е уште на 11 август.

Русија објавила дека ќе повика волонтери да ја примат оваа вакцина, а првите веќе ја примиле минатата недела, пренесува „Русија тудеј“.

На доброволците им е овозможено да ја инсталираат аликацијата преку која ќе можат да пријават здравствени тегоби по примањето на вакцината.

Преземено од: https://mondo.rs/