ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/18 6:59 AM

Министерот за земјоделство Љупчо Николовски: активно ги следиме состојбите со лозарството

Ќе разговараме заеднички за се а министерството за земјоделство постојано ќе биде медијатор меѓу винарите и лозарите,се со цел како и кај другите земјоделски производители активно да ја следиме откупната сезона и како држава да реагираме во сите случаи каде што е потребно,изјави министерот за земјодлество Љупчо Николовски денес на средба со лозарите во Неготино.Тој  ги информираше присутните дека денес на сметките на лозарите биле легнати парите за обесштетување од ланските мразеви.

– Денеска во Неготино се исплатени и обештетувањата значи 25 милиони денари денеска се легнати на сметките на лзоарите во делот на она 10 процентно обештетување од штетите само денес и вчера околу милион и пол евра платежната агенција исплати во делот на штетите насекаде низ Македонија односно вкупно над 4 милиони евра.Оваа год во нашата програма за 2018 година воведовме нови мерки,сите корисници односно производутели кои имаат меѓу еден и десет ха лозови насади ќе добијат 20 процентно зголемување на субвенциите од 40 на 48 илјади денари,изјави Николовски.

Министерот Николовски истакна дека заедно со Владата, министерството и платежната агенција носат одлуки за дополнителна поддршка , зголемување на субвенциите и нивна навремена исплата ,ги следат состојбите во лозарството и активно ги прават сите анализи во поглед на откупот и цената.

– Во делот на откупната цена не ја утврдува министерството ние како институција вклучени сме внатре во дијалогот се со цел да не ни се случи Стефани,Повардарие,ние ги избришавме од регистарот сите оние кои не ги исполниле законските обврски но тие не ги исполниле ни во претходните години ама не биле избришани им било дозволено да се откупува и се поставува прашањето кој тоа и зошто им дозволил.Да потсетам дека 4 милиони евра беше долгот на Повардарие ,денес е десет милиони денари макотрпни  долги беа средбите и разговорите со сите вклучени за да ги убедиме дека мора да си ги платат парите,изјави првиот човек на Министерството.

Николовски потенцира дека сите оние лозари кои ќе се одлучат на промена на сортиментот на грозје ќе добијат по 12 илјади ден поддршка ,зашто како што рече тој ако странските пазари се наша цел тогаш мора да создадеме модерно и конкурентно земјоделство. Потврди дека и оваа година интересот кај винариите е голем за нови опреми и нови технологии по Ипард програмата а оваа година немаат залихи на вино, па се очекува побарувачката да биде некаде околу 150 илјади тони грозје.

Билјана Тошевски


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1