ММС

Денес нè очекува релативно сончево и топло време

Во земјава денес времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од променлив правец.

Највисока температура од 34 степени се очекува на јужниот дел.

Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена облачност и со слаб и до умерен ветер од променлив правец. Попладнето ќе има услови за краткотраен пороен дожд, грмежи и и засилен ветер, особено во јужните подрачја.