ММС

Сексуалната привлечност е важна за врската, но две работи се поважни

Чувството на привлечност несомнено е важно и вреди да се обидете да го одржувате низ текот на годините. На здравата врска и’ е потребно повеќе од сексуална хемија за да може да ги преживее и добрите, но и лошите времиња кои доаѓаат порано или подоцна.

Стручњакот за секс и односи, Џесика Леони вели дека постоењето на искра и нејзиното одржување е неопходно, но тоа не е единствената работа што би требало да ја има во вашата врска:

„Искрата е од пресудно значење за долготрајноста на врската. Таа интензивна, непосредна реакција што сте ја имале кога првпат сте го запознале партнерот е токму она што ве споило, а нејзиното одржување е клучно за односот Неверојатно е колку многу парови ја губат таа искра. Многу парови се задоволуваат со добриот секс, но веќе не ги гледаат сите позитивни работи со кои успеале да се привлечат. Сексот всушност е работа што ги одржува добрите односи. Никогаш не би требало да ја потценувате неговата важност, туку да се трудите тој да стане дел од вашата вообичаена рутина. Физичката привлечност е важна бидејќи со неа се прави разлика меѓу љубов и пријателство“.

Според експертката сексот и разговорот се две работи кои мора да бидат присутни за да може врската да функционира:

„Освен сексот, мислам дека разгворот е клучен. Кај добрите парови нема недостиг од теми за разговор. Најважна е искрената и отворена комуникација. Искреноста не е нешто што едноставно би можело да избледи после одредено време. Кога е таа трајна, партнерите имаат почит еден кон друг и тоа ни помага да оствариме здрава и успешна врска“.

 

Извор:    magazin.novosti.rs