ММС

Утрински секс! Па нема подобро! А во колку часот?

Според податоците од различни студии, во раните утрински часови, голема количина на ендорфин се ослободува во крвта, што им помага на телото и духот да останат во одлична состојба во текот на целиот ден. Вие нема да се плашите ниту од мигрена или лошо расположение. Истражувачите откриле и дека жените кои рано наутро се се препуштаат на на интимни милувања со својот партнер страдаат помалку од стрес и депресија. Плус, сексот во зората е прекрасна масажа на внатрешните органи и добар тренинг за целото тело.

Утринскиот секс е исклучително корисен

Но, што не спречува да се препуштиме на предиграта во овој период од денот? Мажот – не. Како што велат – тој е секогаш подготвен! Ова се должи и на физиолошките процеси. Наутро, нивото на тестостерон во крвта кај мажот се зголемува, што директно влијае на неговото либидо. За жените, сепак, работите се малку покомплицирани. Како прво, нејзиното време наутро е многу ограничено – таа мора да ги нахрани сите во семејството, да го поправи нередот и да се фати за работа. Но, во текот на летото децата се на одмор и ова овозможува да се продолжи времето во кревет. Но, постои и втора компликација. Фазата на возбуда кај жената не е како часовник и таа не може во кое било време да се опушти и да се прилагоди на интимните милувања и сексот.

Во 8 часот наутро ритамот на жените и мажите се совпаѓа

Што се однесува до биолошките часовници, на пример околу 8 часот наутро ритамот на мажот и жената се совпаѓа. Тогаш таа почнува да се возбудува, а неговата желба сè уште не испарила, па многу сексолози препорачуваат овој пат да водат љубов. Тогаш жената нема да мора да вложува големи напори за да му угоди на својот лубовник. Ако имате можност да го прилагодите вашиот распоред за работа така што ќе можете да си го дозволите ова мало задоволство рано наутро, тоа значително ќе го подобри вашиот сексуален живот и ќе ја направи вашата врска многу посилна.

Мал гест на внимание, како што е лесен појадок, може да биде прекрасен почеток.

Дополнителен совет за мажите: запомнете дека на жените им треба двојно повеќе време да се возбудат. Прелудиумот не е каприц, туку неопходност да се има добар проток на крв во интимните делови. Само тогаш утринскиот секс ќе биде радост.

Прекрасен почеток на предиграта може да биде лесен романтичен појадок, сервиран во кревет. На пример, само кафе или овошен коктел. Да, ќе мора да станете порано за да го подготвите, но зарем не вреди заради прекрасниот утрински секс што ќе го имате после?

Појадокот во кревет може да биде прекрасен крај на романтично утро.

Извор: блитз.бг

Фото: krenizdravo.hr