ММС

Шахпаска: Заразеното дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември, а пет дена подоцна дознале дека е позитивно

Заразеното петнаесетмесечно дете престојувало во градинка само еден час на 9 септември. Следните денови родителите не го донеле, а вчера ја известиле градинката дека покрај целото семејството и детето е позитивно на ковид -19.  Ова денеска го изјави министерката за труд и социјала, Јагода Шахпаска која тврди дека будно ја следат состојбата во градинките.

„МТСП има информација за 15-месечното дете, кое на 9 септември само еден час престојувало во градинка. Следните денови родителите не го донеле. На прашање од вработените во градинката зошто детето отсуствува, добиле информација дека се работи за вадење на запчиња и затоа детето е отсутно од градинката. Вчера на 14 септември, околу 16 часот градинката е известена од страна на родителите дека покрај цело семејство и детенцето е позитивно на ковид-19 и нема да посетува градинка“, појасни Шахпаска.

„Согласно насоките на здравствените власти, вклучена е и епидемиолошката служба, ставени се во изолација сите во групата (јаслената група) во којашто било сместено детенцето како и воспитувачот и негувателот согласно протоколот и направена е вонредна дезинфекција на градинката“, додаде министерката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.