ММС

Почина млада унгарска ракометарка

Младата унгарска ракометарка, Шаролта Шелмечи, ја загуби борбата со канцерот на дваесет и осумгодишна возраст.

Таа беше дел од германскиот второлигаш ТГ Нуртинген. Кон крајот на јануари годинава од нејзиниот клуб објавија дека на Шаролта ѝ е дијагностициран канцер. Поради болеста Шелмечи се вратила во Унгарија, каде што и починала во неделата.

Во нејзината кариера настапувала за Дунафер, Веспрем, Сегед, Борусија Дортмунд и Вердер Бремен.