ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/29/18 6:43 AM

Времето денеска: Сончево и потопло, попладне можен дожд

Времето во Македонија ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен северозападен ветер.

Утринската температура ќе се движи од девет до 16, а  дневната од 15 до 28 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје потопло со сончеви периоди и со слаб до умерен северозападен ветер. Утринската температура ќе се спушти до 15, а дневната ќе се искачи до 21 степен.

И во сабота времето ќе биде потопло, претпладне со сончеви периоди, а попладне со локален пороен дожд и грмежи. Од недела ќе биде посочнево, претежно стабилно и топло.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1