ММС

Поранешниот најдобар шести играч во НБА стави крај на кариерата

Бразилскиот ветеран Леандро Барбоса стави крај на професионалната кошаркарска кариера. Поранешниот најдобар шести играч во екипата на Феникс, со која играше финале на Западната конференција против Лос Анџелес Лејкерс, ги „става патиките на клин“ на 37 годишна возраст.

Но, Барбоса нема долго да отсуствува од терените, со оглед на тоа дека експресно ќе се врати во кошарката, овојпат во поинаква улога. Бразилецот ќе биде еден од тренерите на Голден Стејт Вориорс и ќе му помогне на Стив Кер повторно „воините“ да се вратат на врвот во најдобрата кошаркарска лига во светот.

Барбоса беше селектиран како 28 пик на драфтот во 2003 година од Сан Антонио Спарс. Таму не се задржа и истата година дебитираше во НБА како кошаркар на Феникс Санс, пред да потпише во 2010 година за Торонто Репторс.

Со бразилската репрезентација Барбоса има двапати освоено ФИБА АмериКуп.