ММС

ВИДЕО: Германскиот Ерик Даер жали за физичката пресметка со навивачот

Хамбургер загуби со 4:1 oд Динамо Дрезден во Купот на Германија, но за жал играта и резултатот не го одбележаа натпреварот. Хајлајтот на куп пресметката помеѓу второлигашите беше инцидентот кој се случи по завршувањето на истата.

Дефанзивецот на Хамбургер и поранешен фудбалер токму на Динамо Дрезден, Тони Лајстнер, се искачи на трибините кај фановите на Динамо и започна физичка пресметка со еден навивач на победничкиот тим. Повод за ваквото нетипично и недолично однесување се вербалните напади кои навивачите ги упатувале кон него во текот на сите 90 минути. Германските медиуми пренесуваат дека реакцијата на Лајстнер е некоректна, но нималку наивна и без причина, бидејќи од трибината се слушале навреди за сопругата на Лајстнер и неговото неродено дете.

Поголем инцидент беше спречен, а Лајстнер се врати долу на теренот и во соблекувалната непосредно по случувањата.

-Во текот и по завршувањето на мечот во мојот роден град, бев вербално нападнат од трибините. Јас генерално знам да се соочам со тоа. Но ова навистина беше „под појасот“. Да се скандира за мојата жена и моето дете, страшно. Затоа изгубив контрола. Ова беше многу емотивен меч за мене. Без разлика, ова не требаше да ми се случи. Им се извинувам на сите и ветувам дека ова нема да се повторно во иднина, независно какви навреди ќе ми бидат изречени, напиша дефанзивецот на својот „Инстаграм“ профил.

И двата клуба во официјални соопштение го осудија настанот и навивачите за непристојните навреди упатени кон Лајстнер.

Дека и во најдобрите светски фудбалски лиги се случуваат непријатности и невообичаени однесувања на фудбалери, претставува пример и влегувањето на фудбалерот на Тотенхем, Ерик Даер, на трибината на својот домашен терен. По поразот на пенали во ФА Купот од Норич, англискиот репрезентативец влезе во физички конфликт со еден од фановите поради слични причини.