ММС

Ќе ти го уништам животот без да те допрам со прст- Бившиот и фрли киселина во лице, а таа по три години ја надмина болката

Поранешната манекенка и телевизиска водителка Џесика Нотаро (30) привлече внимание во петокот на филмскиот фестивал во Венеција и потсети на шокантното искуство што го доживеала. Нотаро блескаше во златен фустан на црвениот тепих, апревезот преку  очите беше во склад со имиџот. Џесика некогаш водеше многу успешен живот и беше една од омилените јавни личности во Италија. Таа беше барана манекенка и се најде во финалето на изборот за Мис на Италија, а работеше и како тренер  во родниот Римини и се занимаваше и со танцување и пеење.И во нејзиниот приватен живот сè одеше одлично,  таа беше во среќна врска со  Таварес три години. Барем нивната врска изгледаше совршена, а потоа се случи тој кобен 10 јануари 2017 година.

Дечко и, кој во тоа време веќе беше поранешно момче на Џесика, ја нападна пред нејзиниот дом во Римини. Тој и фрли киселина во лицето и трајно ја осакати, уништувајќи и го видот на левото око.

“Сигурно се криеше меѓу другите автомобили затоа што се појави веднаш штом излегов од автомобилот. Ја почувствував пластиката од шишето на лицето а тој сепак ја крена раката за да се осигура дека целата киселина од шишето ќе се истури врз мене. Лицето почна да ми гори и наскоро го изгубив видот. Таа ноќ во болницата се молев да ми ја земат убавината и што и да мораат, само за да ми ги спасат очите, бидејќи тие се огледало на душата “, рече еднаш Нотаро во емотивна исповед.

Инаку, Џесика и Таварес се запознаа во аквариум каде и двајцата работеа и се вљубија. На почетокот, сè беше совршено, тој ја опсипа со љубов, беше прекрасен, но потоа стана насилен. Немаше начин манекенката да го напушти, да го прекине контактот со него затоа што тој ја демнеше, а не помогна ниту пријавувањето во полиција. Колку бил вознемирен, покажа неговиот шокантен напад со киселина на датум кој беше многу болен за Џесика.  Шест години порано нејзиниот брат почина на тој ден,  ја крена раката врз себе.

“Таварес беше најголемата љубов во мојот живот, и покрај предавствата и проблемите во врската поради неговите ставови. Но, не можев да го напуштам долго време. Кога почнав појасно да ги гледам работите, собрав сили и решив да го напуштам. Тој ми рече:Ќе ми платиш, јас ќе ти го уништам животот, без да те допрам со прст“, рече Нотаро на судењето.

Тој на почетокот дури тврдеше дека е невин, иако полицијата пронајде шишиња со киселина во неговиот стан. На крајот беше осуден на 15 години затвор за ужасниот напад.

Џесика беше во болница повеќе од два месеци по нападот и беше подложена на неколку операции, од кои едната и го зачува видот. Пластичните хирурзи успеаја делумно да го реконструираат нејзиното лице и таа покажа колку е силна продолжувајќи да води успешен деловен и приватен живот.

View this post on Instagram

#10yearschallenge #gessicanotaro

A post shared by GESSICA NOTARO (@gessicanotaroreal) on

Таа работи како водителка и танчерка, а со своите објави инспирира на Инстаграм. Ја следат 349.000 луѓе на таа социјална мрежа. Таа пронајде и нова љубов и е во врска две години со мистериозен маж со кого споделува заеднички фотографии.

Извор: dnevnik.hr

Фото: cliccandonews.it