ММС

За популарност на „Тик-Ток“ момче се јавува и се шегува со Брза помош

На популарната социјална мрежа Тик-Ток деновиве се шири видео на кое се гледа како младо момче се јавува на Брза помош и наводно сака да добие противпожарна служба.

На видеото најпрво тој вели „ајде да видиме што ќе ни кажат од Брза помош“ по што од таму веднаш се јавуваат а момчето почнува да вика „пожарна, гориме“.

Тој првичното видео го избриша, а потоа објави ново во кое се извинува за стореното.

@_iksvelok_

Znacii lugee naprav greska stvarno se izvinuvam likeneto go vidovo za d avidat poeke luge IZVINETE #foryou #foryoupage #fyp #fyr

♬ original sound – __kolevski

Сепак првичното видео се уште кружи по социјалните мрежи и собра лавина негативни коментари со кои се осудува неговото однесување.

АЕК за вакви лажни јавувања покрај прекршочна и казнена одговорност, предвидува и времено исклучување од мрежата на телефонот на повикувачот.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.