ММС

Може ли кафето навистина да ве отрезни?

Доста често е мислењето дека една чаша кафе може да ве отрезни по бурна ноќ, меѓутоа сепак реалнота е поинаква. Ефектот на кофеин може да биде опасен, а студии покажуваат дека мешањето на алкохол со кафе го зголемува ризикот од несреќи и повреди.

Кога почнувате да пиете и нивото на алкохол во крвта ви се зголемува, се чувствувате возбудено а ваквото чувство трае околу еден час или два, по што настапува пад и станувате уморни.

Тука кофеинот може да помогне бидејќи ќе ве „подигне“ поради тоа што функционира како противтежа на уморот кој настанал поради алкохолот. Поради тоа често кафето се служи и по јадење. Меѓутоа тоа што после кафето се чувствувате будни, не значи и дека сте трезни.

Иако сте испиле кафе, сепак се уште имате намалени когнитивни функции, нешто кое престанува дури кога црниот дроб ќе го апсорбира целиот алкохол и откако тој ќе се разгради во организмот. Кафето во секој случај не го забрзува овој процес, напротив постојат студии кои велат дека мешањето на кафе со алкохол може само да го влоши процесот.

Студија спроведена на американски студенти покажува дека на овој начин го зголемувате ризикот од повреди и несреќи.

Поради кофеинот можете да испиете повеќе алкохол бидејќи кафето го уништува уморот и на тој начин мислите дека сте побудни но всушност сте во прилично алкохолизирана состојба.

Затоа доколку сте пиеле малку повеќе, не посегнувајте по кафето, туку едноставно наспијте се.