ММС

По 70 години брак се разведуваат бидејќи открил писмо од пред 60 години

Италијанецот Антонио одлучил да се разведе после 70 години брак бидејќи дознал дека неговата три години помлада сопруга Роса го изневерила.

Деведесетидеветгодишникот и неговата сопруга се венчале во своите рани 30-ти години, а нивната љубов траела се додека тој не открил писма во кои пишувало дека таа некогаш го изневерила.

Иако неверството се случило пред 60 години, Антонио не можел да и прости. По повеќе од седумдесет години брак, пет деца и десетина внуци, тој одлучил да поднесе барање за развод.

На овој начин Антонио и Роса станале најстариот брачен пар кој се развел. Пред нив рекордот го држел пар од Велика Британија,  кои се развеле во 2009 година по 36 години брак.