ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/12/20 5:43 PM

Цвета „ковид пазарот“:Крв на излекуван од ковид на интернет се продава за 16.000 долари

Таканаречената Темна мрежа (dark web) , широко користена за нелегални активности, наголемо профитира од криумчарење поврзано со пандемијата на корона вирус .

Фактот дека тест комплет за ковид-19 се продава на овој дигитален „црн пазар“, веројатно не е најлошото нешто што се случува на Темната мрежа со пандемијата.

Во ова време на општа несигурност, некои луѓе се збогатуваат наводно продавајќи лекови или дури шишиња со телесни течности од излекувани луѓе.

Деновиве освен „чудотворните вакцини“, кои се чиста измама, таблети со хидроксихлорокин, итн. на Темната мрежа се појави оглас за продажба на крв на поранешен пациент, со продажна цена од 16 000 американски долари за литар.

Еден од трговците се согласи да зборува – се разбира анонимно  за Vice.com. Тој откри дека продал околу 8.000 комплети за тестот ковид-19, за околу 180 долари за пакување. Со едноставна аритметичка операција, овој „претприемач“ заработил 1.440.000 УСД.

Но, можеби најинтересниот факт во случајот е тоа што половина од комплетите за откривање на корона вирусот биле купени од италијански и американски болници, медицински организации… Според дилерот, нарачка од 1.000 комплети била доставена до дом за стари лица, на локација што ја открива. А, имало и клиент кој купил 3.000 пакети, создавајќи сомнеж дека тој е посредник во име на државна агенција.

Комплетите достапни на Темната мрежа стануваат сè попопуларни, а во многу делови на светот, дури и во западните земји, има и недостиг. Очигледно, ова ја зголемува побарувачката – а дилерите ги тријат рацете, бидејќи можат да ги зголемат цените на која било висина без и најмала контрола.

Клучно прашање е како може да се обезбедат илјадници контролни комплети ковид-19? Трговецот објаснува дека откако некои добро информирани извори во Азија го известиле дека следи неизбежна пандемија, тој, заедно со мал конзорциум од американски бизнисмени, се погрижил да купи голем број тестови од германската и корејската индустрија.

Надевајќи се дека развојот на настаните ќе ја оправда неговата инвестиција, итниот трговец само чекал на глобалното избувнување на епидемијата. За да го искористи тоа, продавајќи ја неговата стока многу скапо и ослободено од данок, што станува сè побарано, бидејќи случаите – и стравот – се шират во бранови.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7