ММС

Потврден ковид 19 кај негователка од градинката во Свети Николе

Негователката од светиниколската градинка „Рахилка Гонева“ од Клон 1, која во понеделникот покажа симптоми на ковид – 19, денеска доби потврда дека е позитивна. Таа заедно со своите колешки ушествуваше во подготовките за отворање на градниката, поради што беше одложен приемот на околу сто деца изминатата среда, додека не се добијат резултатите од тестот.
-Резултатот од тестирањето е позитивен, со што се потврди исправноста на нашата одлука за непочнување со работа на Детската градинка во Клон 1 и прием на дечињата.Врз основа на овие информации , уште денес е извршено вонредно дезинфицирање на сите простории и дворот во градинката од страна на ЦЈЗ Велес.Воедно, очекуваме епидемиолошките и другите надлежни служби да дадат комплетна епидемиолошка слика, а потоа и зелено светло за старт на работа на градинката „Рахилка Гонева“ Клон 1 наредните денови , согласно Алгоритамот и Протокол за работа на градинките, соопшти Сашо Велковски, градоначалник на Општината Свети Николе.
За разлика од Клон 1, во реновираниот Клон 2, нормално започна со работа во средата, на 9-ти септември.
Од средата, кога беа отворени градинките во Македонија, па до денеска, во овие четири дена, се потврди присуството на корона вирусот во градинки во Скопје и Битола. Во Битола потврден е првиот случај во градинка кај негователка, поради што изолирани се децата од таа група каде работи негователката, како и уште петмина други вработени. Во Скопје е потврден случај на вработена во градинката „Раде Јовчевски Корчагин“, која не е на работа од 9 септември, па поради тоа градинката нормално работи.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.