ММС

Објавено на: 09/12/20 10:01 AM

Пронајдено телото на 14-годишникот што вчера се удавил во Брегалница

Припадници на полицијата од Виница и на територијалната противпожарна служба, по извршеното пребарување, синоќа околу 21.30 часот го пронашле телото на 14-годишното дете, кое вчера попладне се удавило во водите на Бреалница кај мост во виничкото село Истибања. Од страна на лекар била констатирана смрт, а според насоки од јавен обвинител, телото на починатото момче му е дадено на семејството.

Според пријавата во полицијата, 14-годишникот со уште неколкумина други малолетници влегле да се бањаат во реката, но набрзо потоа тој се удавил.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.