ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/12/20 8:27 AM

Бизарна несреќа: Бркал мува, си ја кренал куќата во воздух

Осумдесетгодишен Французин си ја разнел куќата додека се обидувал да фати мува. Господинот подготвувал вечера кога го слушнал здодевното зуење на мувата, па решил да се пресмета со неа.

Со електричен рекет почнал да мавта во надеж дека ќе ја убие мувата, но во неговиот дом, во француското село Парк Шенан, инсталациите за гас не биле направени добро, па некогаш истекувал гас. Реакцијата на тој гас и електричниот рекет предизвикала експлозија, уништувајќи ги кујната и покривот на куќата на несреќниот француски „муволовец“.

Тамошните медиуми јавуваат дека човекот успеал да ја напушти куќата на време и се здобил само со полесни изгореници на раката, а за судбината на мувата не се знае.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1