ММС

За неа нема влез: На жена и’ забраниле посета на музеј поради нејзиното деколте

Обезбедувањето на музејот Орсеј во Париз и’ забранило влез на една жена поради нејзиното длабоко деколте.

Во нејзината објава на Твитер, Французинката напиша дека обезбедувањето од неа барало да облече јакна и покрај високите летни температури. Таа наведува дека влезот и’ го забраниле две жени од обезбедувањето, а кога ги прашала зошто деколтето претставува проблем не добила одговор и тие инсистирале на тоа наведувајќи дека такви се правилата. Откако се согласила да облече јакна и’ било дозволено да влезе во музејот. Жената тврди дека таму забележала многу други жени кои ноат облека што открива повеќе, но дека сите биле слаби и со мали гради.

Од узејот Орсеј  преку истата социјална мрежа и’ се извинија на жената и наведоа дека се обидуваат да стапат во контакт со неа.

 

Извор:  srbijadanas.com

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.