ММС

Јади, моли се , сакај

Американскиот филм „Јади, моли се, сакај“ во кој главната улога е Џулија Робертс, е снимен според меморарите на Елизабет Гилберт, во кои е раскажана прекрасна приказна за една Њујорчанка која уморна од модерниот живот исполнет со грижи одлучува да тргне на патување кое ќе и го промени животот.Не е дека Елизабет Гилберт имала толку лош живот. Живее во Њујорк, а работи како патеписец, со можност да посети најразлични егзотични локации ширум светот. Сепак таа чувствува дека нешто и` недостасува.
Една година надвор од дома таа на ова патување ги доживува сите убавини на светот кои на извонреден начин ги доближува до читателите.

Филмувањето на меморарите пак Ви дозволува визуелно да ги доживеете пејсажите на овие секоја за себе посебна, земји.

Елизабет Џилберт (Џулија Робертс) го има она што се смета за добар живот: сопруг, куќа, добра работа, но сепак се наоѓа себеси незадоволна од таквиот живот, изгубена и збунета, и тргнува во потрага по она што навистина го сака. Ги презема првите чекори: се разведува и тргнува на пат околу светот. Три клучни држави се кои ја созреваат и растат.

Првата е Италија, каде ја доживува природната  поврзаност на човекот  со храната

„Заљубена сум. Во врска сум со мојата пица“, вели таа.

Следно го бара нејзиното духовно просветлување во Индија каде поминува неколку месеци во  будистички храм и учи да се моли и да медитира, и своето патување го завршува на островот Бали во Индонезија, каде учи за себе-спознавањето и она што можеби е најважно за човековото битие, да се држи баланс, и ја пронаоѓа нејзината сродна душа, се заљубува во атрактивен Бразилец, кого го игра Хавиер Бардем.

Приказната ве тера да откриете една друга страна од себе си и да размислувате за себе-спознавањето и препуштањето на мир и баланс.

Режисерот и ко-сценаристот Рајан Марфи, вели дека светскиот успех на мемоарот на Елизабет Гилберт, прв пат објавен во 2006-та година, ставил притисок за сериозен пристап и во подготвувањето на овој филм.

Точно е дека конкретно читателки придонесоа книгата да стане бестселер, но Џулија Робертс додава дека проектот ги надминува половите разлики.

„Тоа се должи на универзалните теми како тага, чувство на вина, конфузија, или само на желбата да внесете нов дух во вашиот живот. Мислам дека сите сме минале низ овие фази“, изјави Робертс во една прилика за Гласот на Америка.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.