ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/11/20 9:38 AM

Експерт на бразилската Влада за амазонските племиња убиен со отровна стрела

Службеник на Владата на Бразил и водечки експерт за амзонските племиња е убиен со отровна стрела откако се приближил до племе кое сакал да го заштити, јавува „Ројтерс“.

Риели Францискато (56) ја помина целата кариера како службеник во државната агенција за племенски заедници Фунаи, каде што работел на создавање резервати за заштита на племињата кои немаат допир со надворешниот свет.

Завчера, кога со доближил до племенската заедница што живее во резерватот Уру Еу, на границата со Боливија, бил погоден со отровна стрела. Успеал да ја извди стрелата од своите гради, потрчал песедсетина метри и безживотно паднал, соопштил полицаецот кој ја придружувал експедицијата.

Неговата смрт доаѓа во момент кога тие заедници во Бразил се посебно загрозени од илегалните дрвосечачи и рударите на злато, кои ги уништуваат шумите и пределите во кои живеат племенските заедници .


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7