ММС

Објавено на: 09/10/20 1:12 PM

Убавините на Македонија: Дебарски бањи

Оваа година поради ситуацијата која ја наметна пандемијата од Корона вирусот, граѓаните одлучуваа да се насочат кон домашен туризам и да ги откријат убавините и пејсажите кои ги нуди нашата земја.

Како дестинација која предлагаме да ја посетите за време на есенските денови, се „ Дебарските бањи“.

Дебарски Бањи Цапа — познат центар за рехабилитација, рекреација и релаксација кој се наоѓа во Дебар во западниот дел на Македонија.Водата во овој бањски центар е термоминерална, со оптимална температура за телото на човекот од 38 целзиусови степени. Според истражувањата направени во 70 години на минатиот век, водата која изрева во близина на Дебарските Бањи Цапа, според лековитоста и минералната содржина е пласирана на прво место во Европа и трето место во светот.

Дебарските бањи Цапа често се познати и по имињата на хотелите: Бањиште и Косоврасти.

Дебар е мал град во западна Македонија но со долга историја. Иако постојат многу легенди за овие извори, најстарото сведоштво за постоењето на балнеотерапијата во овој регион се двете антички базени во Бањиште. Тие биле изградени во 1797 година од Хаџи Муџeдин, син на Нуман Ефенди, членови на старата Оручи Заде Дебарска фамилијата од 1010 годинa. Овие базени се неодамна реновирани и може да бидат посетени.

Дебар и Дебарско езеро

 

Дебарски бањи се основани на 21 Февруари 1948 година, како бањски рекреативен центар најдобар во бившата Југославија. Чии врати беа отворени само за политичарите, армиски генерали и високата класа на општеството. Тврдењата дека овие бањи беа најдобри се потврдија во 70-тите години на минатиот век кога Дебарскиот регион беше посетен од експертски тим состоен од лекари, геолози и физичари од Франција и Германија. Извештаи од научните студии кои беа спроведени, истакнаа дека термо-минералните води во градот  содржат околу 4 грама на разни минерали во 1 литар вода, количина која уште ден денес ја нема ниту еден друг термо-минерален извор во Европа. Минералната структура е уникатна, а водата е класифицирана како најлековита во овој континент.

Дебарски бањи

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.