ММС

Кога ја гледам среќна срцето ми се топи како сладолед- Пејачката Сара Мејс го прослави роденденот на ќерка и Илина

Пред две години ми се случи нешто неверојатно. Од тогаш па наваму, секој ден е се’ по неверојатен.Благодарам Универзуме за најпрекрасното нешто во битисувањето! Да си жива, здрава и секогаш весела торто моја најслатка! Ова го напиша пејачката Сара Мејс, која дене го слави вториот роденден на нејзината ќеркичка Илина.

Сите мајки се радуваат на своите рожби, на мирисот на бебето, кое од корен го менува животот на мајката. Така е и кај Сара.

-Навистина животот се менува 100 посто. На 10 септември пред две години една Сара замина а друга дојде. Ова не е клише туку е вистина. Цело време кога зборувам си викам моето време е време пред и по Илина. Баш така, се двои животот. Ма се смени се и не знам  од кај да почнам. Прво приоритетите се менуваат, сваќаш дека тоа нешто што си го роидил толку многу го сакаш и толку многу ти е важно, ма многу ти е убаво, сакаш нон- стоп да бидеш со него и да правиш се за да биде срекно. Не одам со мисла како јас да  си поминам убаво, туку како Илина да биде среќна, да и биде убаво. Кога ја гледам насмеана и среќна срцето ми се топи како сладолед, вели Сара и додава:

-Првата година за секоја мајка е тешка. Ги немам уште заборавено, уште ги паметам непроспиените ноќи. Но, се си има свое. Непроспиените ноки не е во убавиот дел од приказната ама… Првата година си викав- леле ова е мазохизам, алал да им е на мајките што родиле по неколку деца. Ми беше неверојатно како луѓето функционираат. Но, после првата година, кога нон- стоп се будиш,  па те боли кичма, па доиш, но после кога постојано трсе зелени, кога се кршиш од смеење и кога гледаш како расте се е по неверојатна. Спие и ти недостасува, тоа миривчето на обравчето е незаменливо. Абе љубов е. Многу посилна од било која друго љубов кон било што во животот. Љубов која те тера постојано да ја мирисаш и да ја кризеш од убавина.  Сега почнува да збори, знае реката низ Скопје што поминува  како се вика. Ја знае песната „Ој Вардаре“, знае да брои до 10 со тоа што ги прескокнува 7 и 8. Како навиена само нешто си збори. Нели верлат со дете и со здравје не се фали, се е различно, но е срцка. Да не се фалам, не дека е моја  ама срцка е, вели Сара.

А проширување на семејството?

„Сега уште не размислуваме. Не сум бремена да не ме мислат. Но, сега за сега ни е убаво со Илина и сакаме да си ја уживаме љубовта со неа. Може ќе мислиме некогаш,  можеби нема да мислилме но засега е така“, објасни пејачката.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.