ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 09/10/20 12:35 PM

Со јапонска помош реновирано детското одделение во болницата во Кавадарци

Со грант од јапонската амбасада во висина од 50.000 евра целосно е реконструиран детскиот оддел во кавадаречката болница,  со што се создадени подобри услови за најмладите.

„Средствата беа целосно беа наменети за реновирање на детското одделение и овозможивме подобрување на условите за вработените и од друга страна прекрасен амбиент за сместување на нашите најмлади пациенти“ изјави директорот на болницата д-р Диме Коцев и искажа голема благодарност за донацијата до амбасадорката на Јапонија, Кеико Ханеда која направи увид на детското одделение.

“Наша најискрена желба, односно на јапонскиот народ е да придонесеме за поодобриот живот и стандард во Северна Македонија. Искрено се надевам дека нашето пријателство ќе продолжи и ќе трае“  – рече Ханеда.

Амбасадорката имаше средба и со градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев на која се разговарало за соработка и подготовка на проекти во областа на економијата.

Ангел Данов


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7