ММС

Почнаа училиштата, се зголеми бројот на заразени- За три дена потврдени нови 8.000 случаи во Шпанија

 

Шпанија објави дека во таа земја, од почетокот на епидемијата на коронавирус, инфекцијата е потврдена кај повеќе од 500.000 луѓе. Властите денес објавија дека во претходните три дена, инфекцијата е потврдена кај други 26.560 лица, што е во просек 8.800 на ден, што го зголеми бројот на позитивни тестови на 525.549.

Ненадејниот скок на бројот на новоинфицирани следеше веднаш по почетокот на учебната година. Повеќето нови инфекции имаат нови симптоми, а болниците сè уште не се преоптоварени.

Досега 29.516 лица починаа од последиците од инфекцијата со вирусот корона во Шпанија. Многумина веруваат дека вистинскиот број на смртни случаи е значително поголем, поради недоволно тестирање во март и април.

Шпанија е на 9-то место во светот според бројот на потврдени случаи на инфекција. Соединетите држави се на прво место со околу 6,5 милиони позитивни тестови, Индија и Бразил имаат повеќе од четири милиони, а Русија повеќе од еден милион.

Извор: b92.net

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.

Клучни зборови: вести, корона, свет, школо, шпанија