ММС

Објавено на: 09/7/20 1:52 PM

ВМРО-ДПМНЕ повика на граѓански протест против поскапувањето на струјата

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, на денешната прес-конференција ги повика граѓаните на протест во среда против поскапувањето на струјата.

– Скришум, на шверцерски начин во текот на периодот на одморите ја покачија цената на струјата и тоа создавајки екстра профит за универзалниот снабдувач на електрична енергија, но бонбона бизнис. Сметките со поскапа струја не оштетуваат сите – македонци, албанци, турци, роми, срби, власи, бошњаци и сите останати сме во иста група на граѓани која што гледа една те иста мака, а тоа е сиромаштијата. Владата си ги полни џебовите додека ги празни тие на народот, рече Мицкоски.

Овој протест против покачувањето на струјата како што најави Мицкоски, ќе биде прв во серијата протести кои ќе ги организира коалицијата.

Лидерот на ДПМНЕ потенцира дека ќе се протестира се додека не се врати цената на струјата по старо.

 

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.