ММС

Над 27 милиони лица во светот заболени со короновирус

Податоците на веб-страницата „Ворлдметерс“ покажуваат дека повеќе од 27 милиони луѓе, поточно 27.005,196, биле заразени со коронавирусот во светот од почетокот на пандемијата.

Според веб-страницата, од последиците на вирусот досега починале 882.359 лица, а оздравеле 19.103.268 лица. Во моментов има повеќе од седум милиони активни случаи.

Ситуацијата е најтешка во САД, каде повеќе од 6,4 милиони луѓе се заразени со коронавирусот. На второ и трето место се Бразил и Индија со над четири милиони заразени.

Русија и натаму е четврта во светот и прва во Европа по бројот на заразени со вирусот Ковид-19.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.