Чија љубов се испеа во „Боемска рапсодија“- Откриена тајна чувана 40 години
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 11/24/22 8:00 PM

Чија љубов се испеа во „Боемска рапсодија“- Откриена тајна чувана 40 години

„Боемска рапсодија“ на „Квин“ е на различни топ листи ширум светот веќе 40 години.

Сепак, значењето на стиховите на овој легендарен хит досега не е откриено.  Фреди Меркјури, покојниот фронтмен на групата „Квин“, кој е роден на 5 септември 1946 година, еднаш изјави дека песната зборува за љубовни врски, но другите членови на бендот не сакаа да го откријат нејзиното значење.

Повеќе од четириесет години подоцна, биографот на Фреди, Лесли Ен Џоунс, тврди дека стиховите носат тајна порака, а нејзините зборови ги потврди текстописецот Тим ​​Рајс, кој добро го познаваше Меркјури. Имено, со оваа песна, Меркјури јавно призна за прв пат дека е хомосексуалец, пишува Дејли меил.

– За мене е прилично очигледно дека тоа е исповед на Фреди. Зборував за тоа со тапанарот Роџер Тејлор. Пораката е јасна, Фреди призна дека е хомосексуалец – смета Рајс.

– Во стихот  “Mama, I just killed a man” (Мама, само што убив човек) Фреди го уби своето старо јас, личноста што беше дотогаш. Стихот “Put a gun against his head, pulled my trigger, now he’s dead” (Му ставив пиштол кон главата, го активирав, сега е мртов)  значи дека дотогаш хетеро личноста е мртва. Тој ја уништи личноста што се обидуваше да биде и сега се обидува да живее со новиот Фреди – рече Рајс.

Тој исто така објасни дека стихот  “I see a little silhouetto of a man” (гледам мала сенка на човек) зборува за фактот дека тој сè уште бил прогонуван од она што го сторил.

– Кога и да ја слушнам таа песна, го гледам како се обидува да се ослободи од едната и да го прифати другиот Фреди. Дали тој успеа? Мислам дека добро се справи – тврди Рајс.

Лесли Ен Џоунс дека го прашала Фреди дали песната е негово признание дека е хомосексуалец, а тој се насмеал, а по кратко молчење рекол дека не е време за тоа. Таа тврди дека неговиот љубовник  Џим Хатон и го потврдил тоа по смртта на Фреди.

– Имавте право, тој никогаш немаше намера тоа јавно да го признае, мораше да игра хетеро личност поради неговото семејство. Тоа беше исповед на Фреди за тоа каков можеше да биде неговиот живот, колку ќе беше посреќен ако можеше да биде тоа што е. На светот му беше дадена можност да чуе имагинативно ремек-дело, сложено и слоевито, со едноставна порака. Таа песна беше она што навистина беше Фреди – и рекол љубовникот на Фреди.

Извор и фото: espreso.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7