ММС

Објавено на: 09/5/20 11:11 AM

Жално: Германците оставаат плишени мечиња пред зградата во која мајка си ги уби петте деца

Германија е во шок откако Кристијана Н.(27) во Солинген си ги уби петте деца од една до оум години. На трогателните фотографии се гледаат плишени мечиња, други играчки, свеќи и пораки оставени пред зградата во која се случи грозоморното убиство.

Германските медиуми пренесуваат дека судија издал налог за апсење на мајката поради сомнеж дека во четвтокот ги убила своите пет деца: Лука (8), Тим (6), Софија (3), Лени (2) и Мелина (1). За тоа време нејзиниот најстар син Марсел (11) бил на училиште и се спасил, иако во првиот момент се сметало дека присуствувал на местото на злосторстото. Кристијана Н. гто сервирала појадокот, а потоа децата ги убила на масата. Наводно ги дрогирала со седативи, пренесуваат германските медиуми.

Обвинителите се сомневаа дека мајката го сторила злосторстото во сосотјба на емоционална преоптовареност откако се развела со сопругот.

Како што пренесува „Билд“, таа во 2014 година се омажила со војникот Паскал (28), со кого имала четири деца, а живееле со уште две деца од нејзините поранешни врски.

Кристијана на својата мајка и’ испратила порака, признавајќи што направила, а по 20 минути, на станицата во Диселдорф, се фрлила под воз. Доживеала сериозни, но не и опасни повреди по животот, соопштуваат од полицијата. Најстарото дете веројатно се спасило само затоа што било на училиште.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1