ММС

Посебен сообраќаен режим утре претпладне во Скопје

Утре, 6 септември (недела), Одделението за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во периодот од 08.30 до 10.30 часот, бидејќи во наведениот период во организација на Сојузот на спортови на Скопје ќе се одржи Авицена женска трка 2020 во Скопје, со почеток од Спортскиот центар А1, од пред главниот влез на салата, по што учесниците ќе продолжат кон подвозникот на бул.„8-ми Септември“ кај хотел Александар Палас, а потоа ќе поминат под подвозникот и ќе се движат кон целта во Градски парк, после кајакарскиот центар во Скопје.

Од  тие причини за сообраќај ќе бидат затворени улиците кои водат кон Спортскиот центар А1 и Градскиот парк. 

МВР апелира  до граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници, пишува во соопштението од МВР.