ММС

Објавено на: 09/2/20 11:29 AM

Гореше грчко знаме во град на албанското приморје

Синоќа во Ксамил, приморско гратче во Албанија,  било запалено грчкото знаме, веројатно како реакција на грчката најава за проширување на нејзината морска граница во Јонското Море од шест на 12 милји.

Во снимката објавена на социјалните мрежи, а преземена и од медиуми, се гледаат тројца вооружени и маскирани луѓе како го палат грчкото, а потоа го развејуваат албанското знаме.

„Порака за Грците од југот на Албанија – морето е наше“, пишува во објавата.

Од полицијата изјавиле дека работат на расветлување на случајот.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.