ММС

Објавено на: 09/1/20 11:04 PM

Се роди Габриел, наследник на тато и дедо- Фудбалската легенда Саша Ќириќ доби внук, а фудбалерот Кире Маркоски син

„Дедоооо“, вака ја нашиша радосната вест фудбалската легенда Саша Ќириќ, кој денеска доби внук од ќерка му  Ана-Марија.

-Дојде време и дедо да станам. Малиот ангел Габриел ни дојде на свет Ако господ му ја дал брзината на татo Кире и техниката на дедо, ете ни вистински наследник. Те сакаме мама Ана-Марија, напиша Ќириќ на неговиот Фејсбук профил.

Радоста до току е поголема што татко на Габриел е фудбалерот Кире Маркоски, кој  играше во Чешка, Турција а игра и за македонската репрезентација.  Тој е зет на Ќириќ, за неговата ќерка Ана-Марија, со која  направија свадбата минатата година.

 

Веста на Фејсбук за раѓањето на внукот ја сподели и сопругата на Саша, Светлана. Таа напиша:

„Среќна баба! Господ не благослови со внук. Ангелот Габриел ни пристигна. Нека е жив и здрав и секогаш среќен со мама и тато“, напиша таа.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.