ММС

Објавено на: 09/1/20 10:26 PM

(Видео) Полицијата убила афроамериканец- Нови нереди во САД за меѓурасни инциденти

Се случи нов меѓурасен инцидент во Лос Анџелес, откако бели полицајци го убија афроамериканецот Дижон Кизи (29), погодувајќи го со дваесетина куршуми во грбот, бидејќи како велосипедист направил сообраќаен прекршок и се обидел да избега.

Убиството предизвика нови протести на граѓаните револтирани од смртоносното полициско насилство низ целата земја против црното население, пренесува Ројтерс.

Кизи возел велосипед во понеделникот попладне во предградието на Лос Анџелес, Вестмонт, каде двајца заменици-шерифи се обиделе да го спречат. Тој го оставил велосипедот и се обидел да избега, удрил полицаец, како што наведува полицијата, и фрлал куп облека што ја носел.

Полицијата тврди дека во фрлената облека имало полуавтоматски пиштол, и дека полицијата потоа отворила оган кон Кизи.

Семејниот адвокат на Кизи, Бенџамин Крамп, активист за човекови права, познат по застапување на афро-американски жртви на полициско насилство низ САД, рече дека Кизи со облеката го фрлил и пиштолот, и дека не го подигнал, дека полицијата испукала повеќе од 20 куршуми кон него. и со часови го оставила на улица.

Извор:  kurir.rs


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.