ММС

Објавено на: 09/1/20 10:15 PM

(Видео) Бејрут на нозе- Протести против именување на новиот премиер

Стотици луѓе излегоа на улиците во Бејрут во знак на протест против назначувањето на Мустафа Адиб за нов премиер на Либан. Избувнаа и судири, а полицијата употреби солзавец и распореди оклопни возила. Протестите се одржуваат додека францускиот претседател Емануел Макрон е во посета на Бејрут. Ова е негова втора посета на Либан по страшната експлозија во пристаништето Бејрут, во која загинаа најмалку 190 лица.

Демонстрантите се противат на назначувањето на Адиб, поранешен амбасадор во Германија, тврдејќи дека тој не е „доволно радикален да ја промени политичката структура на земјата“, рече РТ. Демонстрантите разни предмети фрлаа кон полицијата, која одговори со солзавец. Демонстрациите против либанската влада беснеат од октомври минатата година, но стивнаа за време на пандемијата на вирусот корона.

Тие повторно избувнаа по експлозијата во пристаништето Бејрут, што се случи на 4 август. Експлозијата на околу 2.700 тони амониум нитрат во пристаништето Бејрут уништи добар дел од либанската престолнина. Најмалку 190 лица беа убиени, 6.500 беа повредени и 300.000 останаа без покрив над главата. Штетата се проценува на меѓу пет и 15 милијарди долари. Два дена подоцна избувнаа насилни демонстрации со барање граѓаните да се реформираат. Епилогот на протестот беше оставка на либанската влада.

Извор: sputniknews.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.