ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/27/18 10:52 AM

Иднината на медиумите и новинарството во дигиталната ера

Предизвиците на медиумите соочени со новите технологии и дигитализацијата, се дел од темите за кои се дебатира на конференцијата во организација на Центарот за развој на медиумите.

Централно место во дискусиите треба да земе моделот кој го применува Канал 77, на интегрирана редакција, преку спој на повеќе платформи: радио, како традиционален медум, видео стримингот како дел од проектот Радиовизија и комбинацијата на интернет и социјалните мрежи како алатки за интеркација, Во текот на дискусија, се разговара за врската меѓу креативната и индустријата од областа на културата, но и прашањето за улогата на јавниот сервис.

Професионалнци, специјализирани за повеќе потесни области од аудиовизуелната индустрија, дебатираат за тоа какви медиумски политики ни се потребни, за тоа како дигиталната ера ги менува традиционалните медиуми, како и потребата од усогласување на легислативата.

На овие теми зборуваат: министерот без ресор, Роберт Поповски, Дејан Ѓеоргиевски од Центарот за развој на медиуми, Горан Гаврилов од Канал 77, професорите Сефер Тахири и Јасна Бачовска Недиќ, Насер Селмани, ЗНМ, Снежана Трпевска, медиски експерт и Пеце Талевски, ОХО.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1