ММС

Популарниот Шарас воопшто не бил нежен кон грчкиот плејмејкер

Грчкиот репрезентативец и поранешен играч на Панатинаикос, Ник Калатес, откри интересни детали поврзани со заменикот на Светислав Кари Пешиќ во екипата на Барселона, Шарунас Јасикевичиус.

За „El Mundo Deportivo“, плејмејкерот зборуваше за неговата одлука да се придружи на најскапиот тим во Евролигата и после долги години да ја замени Атина за Барселона. Исто така, тој зборуваше и за наводниот интерес на Олимпијакос.

-Вистина е дека во играчките денови во ПАО кога бевме соиграчи, Шарас беше жесток кон мене, не беше воопшто нежен. Тој бараше многу од младите играчи. Тогаш не разбирав, имав 20 години. Но следната сезона бев многу подобар и сфатив дека тој ми мисли само добро, изјави Калатес.

Калатес додаде дека Шарас е исклучително џентлменски и спортски тип кој ги почитува сите.

-Ги почитува сите, сите играчи, но и многу бара од нив затоа што знае што сака и кои се неговите аспирации. Вложува многу енергија во тренинзите, вели Гркот.

За интересот на Олимпијакос, Калатес изјави дека тој навистина постоел и дека бил на разгледување, но сепак се решил дека ПАО е во неговото срце и не може да се приклучи на лутиот ривал.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.