ММС

Филипче: Девет медицински екипи на брза помош ќе патролираат низ Скопје

Почитувајте ги мерките,  вели министерот за здравство Венко Филипче во своите објави на социјалните мрежи.

-Поради зголемениот број верници кои ќе ги посетат верските храмови за празникот пресвета Богородица, апелирам на почитување на мерките за заштита од ковид-19. Тоа е единствениот начин да се стави крај на патот на ширење на вирусот. Службата за итна медицинска помош за празникот има ангажирано 9 медицински екипи за подрачјето на град Скопје. Во кругот на црквата „Рождество на Пресвета Богородица“ ќе има и дежурно амбулантно возило со комплетна медицинска екипа, во периодот од 7 до 16 часот. На православните верници им го честитам празникот пресвета Богородица. Многу здравје, љубов и благосостојба, напиша Филипче.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.