ММС

Анте Жижиќ од НБА во Израел

Израелскиот кошаркарски големец Макаби Тел Авив, конечно го официјализираше доаѓањето на хрватскиот репрезентативен центар, Анте Жижиќ.

Во време на паузата предизвикана од коронавирусот, Жижиќ од ден на ден беше поврзуван со различни екипи од Евролигата. Сигурно беше заминувањето од НБА, но неговата следна дестинација во тајност беше оставена практично до вчера.

Заинтересирани сериозно за него беа Реал Мадрид и Макаби Тел Авив. Поранешниот играч на Кливленд Кавалирс сепак се реши да ги следи чекорите на неговиот постар брат Андрија Жижиќ и да стави потпис на договор со Израелците.

На НБА драфтот во 2016 година тој беше избран како 23 пик, поминувајќи три сезони со Кливленд. Дваесет и тригодишниот центар се враќа во Европа со цел да стане главна ѕвезда во европската кошарка и да освојува трофеи.

Никола Вујчиќ, тим менаџерот на Макаби, наводно одиграл голема улога при неговото доведување во тимот.

Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.