ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/20 3:04 PM

Засилените контроли против паркирањето на пешачки и на велопатеки даваат резултати

Засилените контроли и мерки, кои изминатиов период ги преземаа градските комунални редари и инспектори за да се спречи непрописното паркирање на возилата на пешачките и велосипедските патеки, почнаа да даваат резултати, велат од Град Скопје.

Оттаму истакнуваат дека деновиве состојбата на двете сообраќајници во централното градско подрачје е значително променета и повеќе нема узурпација на просторот од непрописно паркирани возила.

-Пред неколку недели, Градскиот инспекторат своите активности ги фокусираше на санкционирање на сите непрописно паркирани возила на булеварот Свети Климент Охридски и на улицата Свети Кирил и Методиј, кои претходно беа посочени од граѓаните. Во овој период нашите служби изрекоа повеќе од 100 мерки и повеќе од 50 глоби против лица за непрописно паркирање на пешачките површини и на велосипедските патеки, информираат од Градот.

Контролите на Градскиот инспекторат ќе продолжат и во наредниот период, на локации во сите општини во Скопје.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1