ММС

Објавено на: 08/26/20 11:41 AM

Заев од свој џеб го платил бројчаникот – очекува за почеток да „сврти“ 19 милиони евра

Мандатарот Зоран Заев, по поднесувањето на предлогот за состав на новата влада во Собранието, одговарајќи на новинарско прашање,  кажа дека го платил бројчаникот од свој џеб. На него ќе се брои враќањето на парите тогаш кога ќе бидат донесени пресудите.

-Бројчаникот е поставен. Го пратив приватно и зависи од правосилните пресуди. Овој бројчаник треба да заврти досега 18 милиони евра од заплената на имотот на Трансмед,  кој што е завршена судска постапка. Се завршуват правните процедурите за државата да инкасира од продажбата на запленетиот имот. Еден милион евра од Финансиската полиција се веќе завртени. Со сите пресуди, кои значат утврдување на одговорност незаконска, се носат и пресудите за материјалното плаќање на обештетување на државата. Бројчаникот зависи од пресудите, изјави Заев.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1