САД: Продолжуваат протестите, вонредна состојба во Висконсин, полицијата користеше солзавец
ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/26/20 11:34 AM

САД: Продолжуваат протестите, вонредна состојба во Висконсин, полицијата користеше солзавец

Протестите против полициското насилство во сојузната американска држава Висконсин, кои започнаа откако полицијата во грб пукаше на Афроамериканецот по име Џејкоб Блејк, траеја и третата ноќ, и покрај полицискиот час кој беше во сила, јавува Анадолија (АА).

Гувернерот Тони Еверс прогласи вонредна состојба откако протестите се проширија по целата држава, а продолжен е и полицискиот час. Сепак, тоа не можеше да ги запре демонстрантите кои се собраа под слоганот „Правда за Џејкоб Блејк“.

Полицијата се обиде да ги растера демонстрантите кои повторно се собраа пред зградата на судот во градот Кеноша, употребувајќи пластички куршуми и солзавец, а откако ниту тогаш не се разотидоа, полицијата со возила тргна кон демонстрантите.

На интервенцијата на полицијата демонстрантите одговорија со паролите „Животот на црнците е вреден“, а на демонстрантите кои имаа последици од солзавецот им помогнаа дежурни медицински екипи.

Камерманот на АА на улиците на градот Кеноша забележа дека цивили стојат пред бензиските пумпи и дуќаните за да спречат грабеж и палење.

Афроамериканецот по име Џејбок Блејк е повреден во инцидентот кој се случи во неделата попладне во Кеноша.

На видеозаписот на социјалните мрежи може да се види како полицијата се обиде да го спречи Блејк да ги отвори вратите од автомобилот така што го влечеше за облеката, а потоа зад него во грбот му испукува повеќе куршуми.

Таткото на Џејкоб Блејк за американските медиуми изјави дека на телото на неговиот син има осум лузни од куршуми, и дека ќе остане неподвижен.

Според полициското соопштение, полицијата излезе на терен откако доби пријава за „семеен инцидент“, а очевидците кои говореа за медиумите тврдат дека Блејк се обидувал да раздели две жени кои се расправале и дека полицијата стигнала во тоа време.

Гувернерот на Висконсин, Тони Еверс, во изјава на Твитер порача дека на Блејк во текот на денот е пукано неколкупати.

„Иако сѐ уште ги немаме сите информации, она што сигурно го знаеме е дека ова не е првото лице во кое е пукано, кое е повредено или брутално убиено од страна на полициските службеници во нашата сојузна држава или земја“, порача Еверс.

Адвокатот Бенџамин Крамп исто така изјави дека во Блејк пукала полицијата додела се обидувал да влезе во автомобил и дека во тоа време во автомобилот имало три деца.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7