ММС

Паника во Барселона: Mеси дефинитивно заминува, Пујол и Суарез веќе се простија од него

Крајот на една ера. Не веруваме дека некој помисли за заминување на Лео Меси од Барселона. Барселона е еднакво на Лео Меси и обратно. Но, фудбалот нема да е таков каков што е и трансфер периодите нема да бидат возбудливи и полни со пресврти, доколку не се појават моменти кои ќе го потресат фудбалското тло.

Лео Меси денес ја информирал управата на Каталонците дека сака да го напушти клубот, раскинувајќи го договорот со Барселона. Таа можност постои поради вметнатата клаузула во договорот на двете страни и Меси не само што ќе ја напушти Барселона, туку Барселона најверојатно нема да добие „ниту денар“ за него.

Меси во повеќе наврати претходно изрази незадоволство од оваа управа на клубот и тренерските смени кои се случуваа. Посрамувањата во Лигата на Шампионите од Рома, Ливерпул и годинешното од Баерн Минхен, беа капката која ја прелеа чашата. Меси барањето до управата го испратил на своевидна факс-машина и бил убеден во донесената одлука.

На социјалната мрежа Твитер, поранешниот капитен на Барселона, Карлес Пујол напиша: „Почит за тебе Лео. Од мене имаш целосна поддршка, пријателу“. На тој твит се надоврза и Луис Суарез, најдобриот пријател и соиграч на Аргентинецот, кој преку „емоџи икона“ го поддржа Пујол.

Неизвесно е каде Меси ќе ја продолжи кариерата. Манчестер Сити и ПСЖ се споменуваат како опции, но и италијански Интер се јавува како заинтересирана страна во приказната.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.