ММС

Објавено на: 08/25/20 4:14 PM

АЕК не ја признава Владата

Асоцијацијата на приватни електронски медиуми на Македонија –  АПЕММ, бараше од Владата на РСМ да бидеме ослободени од плаќање фреквенции кон АЕК како дел од помошта на медиумите за состојбата со Ковид 19.

Владата го одобри барањето за ослободување во 2020 година од плаќање на радио фреквенции.
Имаме апсурдна ситуација каде што поради бирократски причини АЕК не ја почитува Владата во нејзината одлука и директорот Сашо Димитријоски, пушти писма до сите радио станици да ја платат фреквенцијата за 2020 бидејќи фактурирањето кон медиумите било 13 дена пред одлуката на Владата, што е апсурд.

Нашето барање е АЕК да ги сторнира сите фактури и да излезе во пресрет на медиумите и да ја почитува одлуката на Влада а неговата порака дека ќе не ослободи за 2021 година ќе биде предоцна и непотребно и не е во согласност со одлуката на Владата.

АПЕММ


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1