ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 08/25/20 3:11 PM

Севиља и Баерн Минхен во Супер Купот ќе играат пред публика

Пандемијата на коронавирусот не само што го стави спортот на пауза извесно време, туку разбирливо ги затвори спортските борилишта за навивачите. Фудбалот во Европа во јуни се врати на зелените терени, но фановите останаа во своите домови и пред своите ТВ приемници да ги бодрат своите омилени фудбалери и тимови.

Со оглед на тоа дека пандемијата малку „стивнува“, некои од фудбалските федерации на „стариот континент“ решија дека од следната сезона постепено ќе ги отвораат стадионите за луѓето. Бундеслигата која започнува од средината на септември, ќе дозволи публика на стадионите во помал и ограничен капацитет.

Примерот од Бундесот ќе го следи и УЕФА. Имено, дуелот помеѓу победникот на Лигата на Шампионите, Баерн Минхен и победникот на Европа Лига, Севиља, кој ќе биде одигран на 24 септември во Супер Купот, ќе може да го проследат навивачите во живо од стадионот исполнет со 30 отсто капацитет.

Оваа одлука УЕФА ја донесе денес и со неа се покажува волја и интерес за реконсолидација и враќање на работите во нормала, односно враќање на оние поради кои и всушност се игра фудбалот на трибините.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7