ММС

Степ-бек и тројка за победа на Далас, Лука Дончиќ е најдобриот 21 годишник што некогаш зачекорил во НБА

Статистички гледано, Далас Маверикс е една од послабите дефанзивни екипи во НБА. Ако се земе предвид фактот дека во овој меч-ап, противникот ЛА Клиперс е една силна офанзина машинерија преводена од Кавај Ленард, прогнозите за победникот во оваа серија воглавно се движеа накај тимот од Калифорнија.

Но, репрентативецот на Словенија и поранешен кошаркар на Реал Мадрид, не мислеше воопшто така. Серијата најверојатно ќе оди до седмиот натпревар, а возбудувањата од вечер во вечер ќе растат се повеќе.

Дончиќ беше неизвесен за овој дуел, повредата на зглобот во третиот меч го оддалечи од паркетот и им ја олесни рутата на Клиперси кои го вратија водството од 2:1. Впечатокот е дека Маверикс немаат среќа, но и покрај недостатокот на спортскиот елемент кој е многу поважен одошто се мисли, Далас „се држи“ со фаворитот и му приредува вистински тест за шампионските амбиции. Во првото нивно соочување, Кристапс Порзингис беше исклучен од игра поради двете технички, во третиот Лука се повреди, а во оној од изминатата вечер на НБА програмата, латвискиот центар воопшто не ни беше во составот. Тоа не им пречеше на Дончиќ и екипата.

Далас израмни на 2:2 и после продолженијата успеа во последните моменти да го совлада тимот на Док Риверс.

Времето на часовникот истекуваше, тројката од аголот на Морис на девет секунди до крај на продолжението го стави Клиперс во завидна ситуација и се што требаше да изигра одбраната на Риверс беше „фластер на Дончиќ“, затоа што целиот свет знаеше каде ќе оди таа топка и кој ќе го шутне шутот за 2:2 или 3:1.

На Далас му беа потребни два поени за победа на натпреварот, но зошто да биде едноставно, кога може да биде комплицирано? И да причини голема сатисфакција на крајот, мора да се признае.

Макси Клебер му помогна на соиграчот да го оттргне од него еден од најдобрите играчи и дефанзивци во лигата, Кавај Ленард и Словенецот остана еден на еден со Реџи Џексон. Чекор напред, чекорд назад и „Бенг“. Тоа беше реакцијата на коментаторот на „ESPN“, Мајк Брин.

Веќе и фамозниот и трејдмарк степ-бек потег го реши натпреварот во своја полза и му обезбеди на Далас шанса за победа во серијата и прогресирање понатаму до конференциско финале.

 

Дончиќ забележа 43 поени, 17 скокови и 13 асистенции во победата од 135:133. За франшизата тројката на Дончиќ претставуваше прв „базер битер“ во плејофот по шест години, односно по поените на Винс Картер токму против Кавај Ленард во дуелот против Сан Антонио Спарс во натпреварот број три во 2014 година.

Рекордите постојат за да се остварат, а на некогашниот освојувач на Евролигата тоа и те како му е тргнато од рака. Дончиќ е само третиот играч во историјата на НБА кој забележал најмалку 40 поени и 10 асистенции во постсезонски меч, веднаш после Оскар Робертсон и Чарлс Баркли. Листата е таа, Баркли, Робертсон и Лука Дончиќ.

Тим Хардавеј постигна 21 поени, а изненадувачки добра партија покажа и Треј Бурк со 25 поени. Српскиот центар Бобан Марјановиќ контриубираше со 10, додека пак Макси Клебер со седум поени и девет скокови.

Во поразениот тим, Кавај Ленард очекувано постигна 32 поени, Лу Вилијамс од клупа 36. Хрватскиот сезонава препороден центар, Ивица Зубац, влезе во статистиката со 15 поени.

Социјалните мрежи по вчерашниот феноменален дуел на Западот буквално експлодираа. Леброн Џејмс, Стеф Кари, Демиен Лилард, Бредли Бил, Пол Пирс, Си-Џеј МеКолум и многу други колеги од најдобрата светска кошаркарска лига, изразија воодушевување од потегот и партијата на дваесет и едногодишниот.

Серијата помеѓу Маверикс и Клиперс продолжува утре.

 


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за преземање.