ММС
Банер за Супер7

Објавено на: 06/26/18 1:11 PM

ОФМ нема да дозволи да биде нарушен угледот на репрезентацијата

Откако Македонскиот Олимписки Комитет одлучи да ги врати одбојкарските репрезентативци од Тарагона назад во Скопје порано од предвиденото поради недисциплина, преку соопштение се огласи Одбојкарската федерација на Македонија.

Во врска со изјавите од страна на МОК по повод наводното недолично и неспортско однесување на одбојкарската репрезентација на Медитеранските Игри во Трагона, Шпанија. Нашите репрезентативци во секоја прилика, во и надвор од теренот го давале максимумот за да достојно ја претстават Македонија – се вели во соопштението на ОФМ, од каде велат дека нема да дозволат имиџот на репрезентацијата да биде нарушен со како што оценуваат, паушални изјави, без никакво покритие за истите.

За сето време на наводниот настан биле присутни и званични лица од МОК и останати спортисти од делегацијата. Доколку имало било каков инцидент, поединците кој што го предизвикале ќе бидат санкционирани. Репрезентативците се враќаат во Скопје во четврток, по враќањето ќе има званичен извештај за настанот – соопштија од  ОФМ.


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

Банер за Супер7
1x1