ММС

Објавено на: 08/23/20 6:48 PM

(Видео) Лукашенко со автомат стасал во резиденцијата

Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко пристигна со хеликоптер во неговата резиденција во Минск, пред кој се одржува протестот на опозицијата, пренесува Спутник.

Истиот извор наведува дека Лукашенко носел автоматска пушка во рацете, додека на себе имал панцир.

„Лукашенко пристигна во Палатата на независноста пред еден час“, се вели во соопштението на службата на белорускиот лидер.

Објавено е и видео на кое се гледа дека Лукашенко излегува од хеликоптер со автомат во рацете.

Претходно беше објавено дека опозицијата по завршувањето на протестот на плоштадот Независност тргнала кон претседателската резиденција.

Извор: n1info.com


Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со Услови за преземање.

1x1